Мумијата на 3.000-годишна жена е пронајдена речиси совршено зачувана во ковчег во Египет.

Саркофагот бил еден од двата пронајдени во древна гробница во Ел-Асасеф, Луксор, на брегот на реката Нил во близина на Долината на кралевите.

Првиот бил отворен порано и испитуван од египетските служби за антиквитети и во него имало свештеник кој го надгледувал балсамирањето на фараоните.

„Еден саркофаг беше стил на риши, кој датира од 17-тата династија, додека другиот саркофаг беше од 18-тата династија.“, изјавил министерот за антиквитети, Калед Ал Алани. Осумнаесеттата династија датира од 13 век п.н.е., период обележан некои од најпознатите фараони, вклучувајќи ги и Тутанкамон и Рамзес II.

Ова било прв пат власите да отворат претходно неотворен саркофаг пред меѓународните медиуми. Претходно истиот ден, властите, исто така, откриле во истата област гроб на надгледникот на светилиштето за мумификација идентификуван како Тхав Иркет Иф.

Гробницата содржела пет обоени маски и околу 1.000 Усхаби статути – минијатурни фигура на слугите за да им служат на мртвите во задгробниот живот.

Триста метри урнатини биле отстранувани во текот на пет месеци за да се открие гробот, во кој имало обоен таван на кој бил прикажан сопственикот и неговото семејство.

Гробницата, која исто така содржи мумии, скелети и черепи, датира од средното кралство пред речиси 4.000 години, но повторно била искористена во доцниот период.

Древните Египќани ги мумифицирале луѓето за да ги зачуваат нивние тела за задгробниот живот, додека животинските мумии биле користени како религиозни жртви.

Египет откри повеќе од десетина антички откритија од почетокот на оваа година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено