Мујо во војска учи како се скока со падобран. Инструкторот му објаснува:
– Кога ќе скокнеш, повлечи ја оваа рачка за да ти се отвори падобранот. Ако случајно не се отвори, ја имаш и оваа рачка со која ќе ти се отвори резервниот падобран. Кога ќе слеташ доле, по тебе ќе дојде џип и ќе те врати во касарната.
Мујо го става падобранот на грб и скокнува. Ја повлекува едната рачка, падобранот не се отвора. Ја повлекува и другата, и другиот не се отвора, па Мујо вели на глас:
– Е супер, сега фaли уште и џипот да не дојде, па да морам пешки да се враќам во касарната!