Во козметиката за производство на специјални креми, многу биле барани мајмунски тестиси. Мујо се специјализирал за добавување на оваа стока и го поканил Хасо за помошник.
– Каква е процедурата Мујо? – Прашал Хасо.
– Јас се качувам на палмата и почнувам да ја тресам за да падне мајмунот. Штом ќе падне, Шарко е дресиран, го фаќа од позади и му ги одгризува топките. Од тебе се бара да стоиш отстрана со таа пушка.
– Разбрав – ти ја тресеш палмата, мајмуните паѓаат, Шарко ги собира топките, а мојата улога која е?
– Ти ќе бидеш заштита при работа! Да го застрелаш Шарко, ако паднам јас!