Вистинските Муфаса и Симба се фатени на фотографии во Масаи Мара во периодот пред Денот на татковците. Сабин Бернер од Париз ја имала таа среќа да го забележи и документира момоентот. 53-годишната жена го истражувала и фотографирала дивиот свет во Кенија.
Сабин фотографијата ја направила во раните утрински часови, а сите фотографии планира да ги употреби во книга за деца која ја пишува.