Леонардо да Винчи (1452-1519) е еден од најголемите гении во историјата на човештвото, олицетворение на вистинска ренесансна личност: пронаоѓач, инженер, скулптор и сликар. Надарен со огромен талент и љубопитност, мајсторот од Фиренца твори во неколку сфери: механика, астрологија, аеродинамика, геологија, ботаника, аритметика и геометрија – и ова се само дел од областите за кои што знаеме дека тој работел.

Леонардо да Винчи е најпознат по трагата која ја оставил во ликовната уметност. “Мона Лиза” и “Тајната вечера” се дела кои сите ги знаеме. За активностите на Леонардо како писател сепак се знае малку. Всушност не можеме да зборуваме за негово литературно дело кое било завршено додека бил жив. Добриот сликар треба да наслика две работи, односно човекот и концептот на неговиот ум. Првото е лесно, второто е тешко. Леонардо ја имал оваа дарба, а не се штедел ниту со споделување на неговите мудри совети. Ова се неколку извадоци од книгата „Фрагменти“.

„Уметникот е еднаков и се натпреварува со природата.“

„ Има многу луѓе кои имаат љубов и желба кон цртањето, но не и предиспозиции. Ова може да се види кај младите луѓе на кои им недостасува поврзаност и никогаш не ги сенчаат работите.“

„Сенката е потемна кога е поблиску до изворот на светлината.“

„Кората на дрвјата  секогаш  има поголеми пукнатини од јужната страна, отколку на северната.“

„Секогаш северната страна од старите дрвја е облечена во зелена мов.“

„Облакот е полесен од воздухот под него и е потежок од воздухот над него.“

„Убавите и грдите нешта се зајакнуваат меѓусебно поради контрастот.“

„Ако скулптурата се осветли на дното ќе изгледа монструозна и чудна. Но не е така и кај сликарството, кое што сите свои елементи го носи со себе.“

„Не гледа назад, оној кој е усмерен кон ѕвездите.“

„Добро проживеан живот е долг живот.“

„Исто како што железото  ‘рѓосува кога не се користи, така и интелектот се уништува од некреативноста.“

„Знаењето е ќерка на искуството.“

 

Сподели на Facebook
пати видено