Најпознатата јасновитка на Балканот па и пошироко, Баба Ванѓа, секогаш давала мудри совети, кои живот значат. Ова се само неколку од нејзините мудрости, кои ја зборуваат вистината, без разлика дали верувате или не во нејзините пророштва.
„Нема човек кој е роден само за среќа. Еве, еден е роден како одличен работник, но нема среќа во семејството. Друг ги има и двете, но нема здравје. Трет е здрав, но децата му болни. Во секој човек има и добро и зло. Така функционира светот…“
„Некој мисли дека доколку има пари ќе може да си купи и љубов, но тоа е ветер работа. Љубов со пари не се купува. Или пак мисли дека кога ќе стане богат се ќе биде како што сака, но и тоа не е точно. Работи, работи собира пари и предмети и кога ќе умре го остава сетоа тоа на друг. Кој многу собира, никогаш нема да користи. Друг ќе ги собира плодовите на неговиот труд. Затоа следете го правилото, се собирајте, парите се средство за живот, користете ги секој ден…“
„За секој човек има период на потешкотии. Дури и за најбогатите и за најсилните. Затоа човек треба да се стреми да биде смирен, за да не умре во прегратките на злото.“
„Човек никогаш нема да заработи пари, ако не се занимава со соодветна работа. Тој првин мора да открие што најмногу сака да прави, а не да и робува на модата и на советите.“
„Не бидете гневни поради страдањето кое што сте го преживеале. Страдањето е како средство за чистење, исто како облеката која не е чиста додека не се испере.“
„Во тешки времиња живееме. Луѓето меѓусебно немаат ништо заедничко. Мајките раѓаат деца, но немаат млеко да ги дојат. Велат, бидејќи биле нервозни. Не е тоа. Децата немаат ништо заедничко со своите мајки, тие само се дојдени на светот преку нив. Ништо не добиваат децата од мајките: ниту млеко, ниту топлина. Ги носат во градинки многу мали, навечер ги ставаат да спијат одделно, децата ретко ја гледаат насмевката на мајчиното лице.“
„Мајките се незадоволни дека нивните сопрузи не ги почитуваат доволно. Мажите пак сметаат дека се ожениле само затоа што им било време. Возрасните се незадоволни дека младите не ги почитуваат. Никој со никого не е близок. Луѓето веќе се заинтересирани само од пари. Мислат дека ако имаат пари, сè ќе е во ред. Не знаат дека еден ден овие пари нема да им служат за ништо.“
„Сиромаштијата е цвет, на богатството не се радувајте. Сиромаштијата дава да се радуваш на деца, пријатели, роднини. А од богатството душата се разболува.“
„Кој краде, за здравје ќе плаче.“
„Понекогаш сум многу нервозна, а луѓето мислат дека сум лоша. А јас го гледам опкружувањето и обрачот, кој постепено се стеснува околу земјата, ги доживувам маките на сите луѓе и не можам, а и не се осмелувам да го објаснам, бидејќи еден многу строг глас постојано ме предупредува да не се мачм да објаснувам што и да било, бидејќи луѓето заслужуваат се што ќе им донесе животот. Како да помогнам на оние луѓе кои повеќе не почитуваат никого и се натпреваруваат да стекнат пари и предмети.“
„Не барајте многу, нема да можете да ја платите цената“
„Нема итрец, дури и најголемиот, кој ќе ја надитри судбината. Ќе итрува колку што му е дадено од Бога. И потоа нема право на уживање!“
„Нека знаат сите дека ништо не останува неплатено на овој свет. Луѓето прават злосторства и мислат дека никој не ги видел. Не е така! Сето тоа се гледа и доаѓа време кога се мора да плати!“
„Работете наутро и во текот на денот. Никогаш вечер. Силите одозгора не помагаат вечер, а без нивна помош ништо големо не може да се роди.“