Хуанг Ју бил скршен кога неговото 2,5-годишно маче Гарлик починало и додека најголемиот број на луѓе би си земале ново маче за да ја надминат болката, тој по секоја цена решил повторно да го има Гарлик.
Сопственикот решил да побара помош од Синоген, компанија за клонирање на миленичиња со седиште во Пекинг, која веќе клонирала повеќе од 40 кучиња миленичиња, вклучувајќи го и првото полициско кученце во светот.
Таа користи техники на клонирање на соматски клетки на животински видови за да ги рекреираат саканите миленици на луѓето, меѓутоа, се вели дека има голем број предизвици кога станува збор за клонирање на мачки.
Ветеринарот Ши Женшенг во изјава рекол: „Репродуктивните и физиолошките карактеристики на мачките се различни од оние на повеќето животни. Бидејќи мачките не се спонтани животни со овулација, тие се едно од ретките животни што предизвикуваат овулации. Нивниот репродуктивен циклус е посебен, а техниките на клонирање се тешки. Операцијата е тешка. Ова успешно одгледување клонирани мачки е еден од ретките успешни случаи во светот, што го одбележува главниот чекор на Кина во областа на клонирање.“
Потребни биле скоро една година обиди, но на крајот, научниците биле во можност да пренесат ембрион на сурогат мачка, која го носела мачето во развој 66 дена. Така е роден Гарлик 2.0, чија генетика е целосно изведена од соматските клетки на покојниот Гарлик.
Нешто повеќе од еден месец подоцна, се вели дека Гарлик 2.0 е во добра физичка состојба и се чини дека не делува поинаку од какви било природно одгледувани мачиња. Како и да е, реплицирањето на неговата пријателка дојде со огромна цена за Ју, кој плати неверојатни 35.000 евра.
Сепак тој вели дека вредело за парите иако никој не му гарантира дека и карактерот ќе наликува на неговото претходно маче, сепак тој е задоволен и со истите гени.