Звучи како превисока цел, но Асмелаш Зефиру не сакал да дозволи неговиот низок раст да го спречи да пилотира со авион. Овој викенд, бестрашниот 35-годишен Етиопјанин планира да полета со својот рачно изработен К-570 авион во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија и кога ќе слета да се ожени со неговата свршеница Себле Бекеле.

Уште повпечатливо е тоа што тој до сега никогаш не летал и се надева дека овој пат ќе биде поуспешен, за разлика од неговиот последен обид кога скршениот пропелер го попречил неговиот сон. Ова ќе биде кулминација на патешествието кое го започнал пред петнаесет години кога се обидел да се запише на пилотска академија во Етиопија. Бил одбиен бидејќи со неговите 1m 70cm, бил за еден сантиметар пренизок за да биде пилот. Но, не дозволил тоа да го спречи.

av01

„Решив да си изградам свое летало, штом ете, не можам да бидам пилот. Тогаш ќе можам самиот да летам високо на небото“, изјавил тој за Си-Ен-Ен. Така тој почнал да ги голта авијациските прирачници и онлајн часовите на Јутјуб преку коишто ја научил секоја гледна точка за производството на авиони.

 av02

av03

Зеферу избрал да го дизајнира својот авион според моделот кој го употребувале американските пилоти во 1920-те и 1930-те. Некои делови биле извадени од стари авион, други купени на старо од маркетот Меркато во Адис Абеба. Крилјата долги 8.5 метри биле изработени од дрво увезено од Австралија, и секој дрвен панел бил рачно обликуван. За овој дизајн одговара мотор на Форд, но тој не можел да најде некоја за евтини пари, па така решил да употреби четилицилиндричен мотор со четириесет коњски сили, изваден од Фолксваген Буба.

Зеферу направил некои измени откако прифатил совет од неговиот колега ентузијаст Рене Буберман, претседател на NVAV, Здружението за експериментални летала на Холандија.

av04

„Му дадовме некои добронамерни совети за неговиот пропелер и особено за пробното летање“, вели Буберман. „Неговиот проект заслужува голема почит…Тој навистина го носи духот на раните пионери во авијацијата и неговиот ентузијазам е заразен“, изјавил тој за Си-Ен-Ен.

Пред пет месеци тој не успеал да ја крене својата машина. Се обидел да полета од пистата на 40 километри оддалеченост од главниот град, но скршениот пропелер изработен од ламинантно дрво ставил крај на неговите шанси. На 28. ноември, Зеферу ќе се врати на истото место со својот подновен авион. Полетувајќи со брзина од 145 километри на час, неговата цел е да се крене на височина од 10 метри во воздухот, што не е малку со оглед на тоа што, како што вели тој „немам ниту падобран ниту ништо да ме штити“.

av05 av06

„Да се лета авион не е голема работа“, објаснува тој. „Поголема опасност е слетувањето.“ Тоа вклучува успорување на движењето на авионот од 112 на 72 километри на час, и потоа му останува да се надева дека основата за тркалата – извадена од моторцикл Сузуки – ќе издржи.

За да се подготви, Зеферу вели дека употребувал Јутјуб симулатори на лет. И покрај поддшката од своето семејство, тој вели: „најголемиот предизвик во правењето на мојот авион беа луѓето околу мене…луѓето ме нарекуваа луд. Луѓето прашуваа – како можеш да направиш авион во Етиопија? Во Африка?“

av07

Тој цврсто верува дека овој пат ќе успее. „Сигурен сум дека ќе летам.“ Се надева дека во блиска иднина ќе го примат во училиште за пилоти, за да може да се обучи да стане комерцијален пилот. А неговите долгорочни цели се уште повисоки.

„Мојот сон е да станам аеровселенски инженер во НАСА. И ќе станам“, вели тој.

av08

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено