Зависничка од шопинг открива на кој начин го натерува нејзиниот вереник-војник да ја чести со сѐ што ќе посака, вклучително и дизајнерски чевли – му се заканува со апстиненција од секс. 30-годишната Џејни од британскиот град Дурам вели дека може да го натера Рос, нејзиниот партнер со кој заедно се пет години, да ѝ купи се што ќе посака едноставно така што ќе му одбие малку акција во спалната соба.
„Тој не знае да каже не. Радо му изрекувам забрана за секс во траење од три недели што и сум го правела во минатото“ открива таа. „Моќта на женските интимни органи е неверојатна кога сакате нешто од мажите.“
Немајќи сопствен постојан приход, Џејни обожува да ги расфрла парите на Рос на нејзината дизајнерска гардероба, скапи шминки и пластична хирургија. Таа има сто пара чевли и само во изминатите шест месеци потрошила над 6000 евра на козметички третмани.
Во Лондон лесно трошам над 18000 евра. Признавам дека сум зависна од купување. Ми делува релаксирачки и терапевтски. Ако ви е лош денот, шопингот е неверојатен. „Не сум некоја кучка, но знам што сакам и ако нешто сакам, го добивам. Едноставно е така. Сакам да сум одржувана жена, но бргу ми здосадува.“
30-годишниот Рос признава дека е загрижен поради безочното расипништво на неговата свршеница. „Мислам дека таа не го разбира концептот на парите, дека утре можеби ќе ги нема.“ Но, тој признава дека му е тешко да каже „не“ на нејзините барања, а последните нејзини желби се Ренџ Ровер од 88100 евра и најмалку 17600 евра за пластични операции за да добие тело како Ким Кардашијан.