Мравките се интересни суштества кои градат интересни градби и постојано се нешто зафатени. Но дали сте ги знаеле овие нешта за нив?
1. Мравките имаат т.н. сложени очи, составени од бројни мали леќи, кои се добри за точно забележување на движењата околу нив, но не овозможуваат слика во висока резолуција.
2. Немајќи уши, мравките ги собираат вибрациите од земјата преку специјални сензори на нивните нозе.
3. Мравките го преживеале тоа што не го преживеале диносаурусите. Тие еволуирале од нивните предци кои наликувале на оси, пред 110 до 130 милиони години.
4. „Антквариум“ е специјален којтејнер за чување мравки кој бил развиен од НАСА со цел да се истражуваат можностите за опстојување на животни во вселената.
5. Мравките кралици живеат до 30 години, што е 100 пати подолго од другите инсекти со слична големина. За разлика од нив, мравките работници живеат само околу една година.
6. Термитите најчесто се поврзуваат со мравките, но тие се всушност многу поблиски до лебарките.
7. Мравките одгледуваат и истражуваат најразлични видови на габи. Исто така, тие се способни и за крстосување на тие видови.
8. Убодот на мравката-булдог е фатален и не постои антидоза за него.
9. Мравката куршум го причинува најболниот убод (оттука и нејзиното име). Болката може да трае 24 часа.
10. Некои видови мравки се ориентираат според магнетското поле на Земјата.
11. Се верува дека мраквата е најумниот инсект, со 250 000 мозочни ќелии во нејзината малечка глава.
12.Мравките војници се номади. На едно место тие живеат само за кратко и потоа ја пакуваат нивната храна, нивните јајца, ларви и кралицата и продолжуваат понатаму.
13. Кога човек би можел да трча со брзина еквивалентна на брзината на мравката, би трчал со брзина од 55 километри на час.
14. Според неодамнешни проучувања, мравката може да крене нешта 5000 пати потешки од неа.
15. Единствената работа на кралицата е да несе јајца. Потоа тие се носат горе-долу во колонијата, во зависност од температурата.
16. Секоја мравка колонија си има свој препознатлив мирис. Така, натрапниците се препознаваат веднаш.
17. Постојат повеќе од 12.000 видови на мравки кои се разликуваат по обликот, бојата и големината, која може да варира од 0.7 mm до 5 cm.
18. Кај мравките има робовладетелство.
19. Бројот на мравките во една колонија може да се движи од неколку до милијарда.
20. Мравките го колонизирале речиси секое катче од нашата планета, со исклучок на Антарктикот, арктикот и неколку острови.
21. Најголемата колонии се наречени „супер колонии“ и претставуваат вистински ридови со преку милијарда мравки.
22. Мравките и нивните ларви во некои земји се јадат како деликатес. Јајцата на два вида мравки се употребуваат во еден мексикански деликатес наречен „ескамолес“. Тоа се смета како еден вид кавијар од инсекти и може да чини околу 30 евра за половина килограм.
23. Мравките се способни за најразлични начини на движење како скокање, лизгање и пливање. Некои видови се познати и по нивната способност да прават живи мостови од нивните тела за да премостат вода или вегетација.
24. Покрај цицачите, мравките веројатно се единствените суштества способни за интерактивно учење, подучувајќи ги нивните млади да ловат преку серија команди.
25. Се претпоставува дека на Земјата вкупно живеат околу 10,000,000,000,000,000 мравки, претставувајќи 15-20% од земјината биомаса, надминувајќи ги `рбетниците.