Патувањето низ времето звучи навистина привлечно. Би можеле да ги исправите историските грешки, да станете милионер, да станете најдобриот и најточниот историчар знаејќи што точно се случило во минатото. Супер, нели?

Па, не. Бидејќи кога навистина би откриле како да патуваме низ времето би налетале на серија сериозни проблеми.

Бргу ќе остареете

vr01

Ако го напуштите вашето време и поминете шест месеци во минатото – можете да се вратите во вашето време како да поминала само една секунда. Само што за време на таа секунда вие ќе остарeeте како за шест месеци.

Вашето тело веројатно ќе живее со вашиот експериментален пат, така што секој ден кој ќе го живеете, без разлика на тоа во кое време се наоѓате, прави да бидете постари за еден ден. Ако постојано го напуштате вашето време, со секое патување ќе бидете многу постари од денот во кој сте заминале. Има извесна можност да оди и во спротивна насока кога би отишле во иднината со брзина на светлината (бидејќи времето би го доживувале пократко во однос на тие кои останале во вашето време).

Ќе гладувате

vr02

Ние сме еволуирале со растенијата и животните кои ги јадеме. Ако се вратите во минатото, веќе не сте опремени да се справите со храната која луѓето во минатото ја јаделе (или на нехигиенските услови во кои се приготвувала). Истото се однесува и на иднината – храната ќе еволуира до степен кога ние луѓето од сегашноста не би можеле да ја јадеме. Нашиот биолошки склоп е прилагоден да се справува со храната која ја имаме сега.

Нема да можете да се вклопите од биолошки причини

vr03

Сето тоа со храната се однесува и на вашето општо здравје. Или ќе се разболите или ќе ги разболите сите околу вас.

Ако се вратите во минатото, веројатно со себе ќе носите бацили на кои луѓето од минатото не развиле отпорност, а ако тргнете кон иднината, вашето тело веројатно нема да може да се справи со бактериските мутации во тоа општество. Или ќе бидете конквистадорот кој им дава заразени ќебиња на домородните Американци, или ќе бидете кутриот Индијанец измамен да го прифати ќебето. Ако постојано одите напред и назад во времето, ќе предизвикате таков хаос што ни Брус Вилис нема да може да го спаси светот.

Никој нема да ве разбира

vr04

Јазикот не е само регионален феномен, туку е и временски. Јазиците се менуваат и мутираат секоја година. Прочитајте на пример дел од документите на АСНОМ, па потоа нешто од Марко Цепенков, па потоа истото споредете го со старословенските документи и житија. Истото тоа се однесува за секој јазик, така што колку подлабоко одите во минатото, толку потешко ќе ве разбираат соговорниците, доаѓајќи до еден момент кога ќе мислат дека сте припадник на некој друг народ, а истото се однесува и за патувањето во иднината.

Ќе бидете надвор од системот

vr05

Да се обидете да сторите било што во минатото или во иднината би било вистинска ноќна мора, бидејќи нема да можете да го докажете вашето место во општеството.

Во минатото ќе немате никој кој би гарантирал за вас во тие мали општества на древниот свет кадешто секој познавал секого. Во иднината ќе го немате всадениот имплант за здравствено осигурување, лична карта и платежна картичка, без којшто ниту ќе можете да добиете здравствена нега, ниту ќе можете да најдете работа, а нема да можете ни да си купите јадење.

Ќе бидете шворц

vr06

А ако не можете да најдете работа, ќе немате пари. Парите кои ги имате денес нема да ви вредат многу, бидејќи платежното средство исто така еволуира и се менува. На пример, книжните пари се стари само неколку стотици години.

Згора на тоа, инфлацијата во иднината ќе значи дека вашите пари ќе имаат многу помала вредност во иднината. Дури и ако успеете да обезбедите огромно богатство за вас во иднината, нема да можете да докажете во банката дека вие сте вие, ако банката воопшто постои сѐ уште.

Можеби ќе се заглавите во нешто

vr07

Повеќето од временските машини од страна на научниците и футуристите се замислуваат како средства кои ве пренесуваат низ времето, но самите тие стојат во место.

Така, вашиот несреќен пат може да заврши во внатрешноста на ѕид од некоја идна зграда или да се заглавите во лед или да бидете скаменети како килибар.

А може и да направите судар со себеси или да се распрснете во вселената

vr08

Згора на сѐ, вашата временска машина може да направи судар со самата себеси доаѓајќи од спротивниот правец. Има милион начини на коишто би можело да дојде до ова. Ваквиот судар би можел да резултира во процеп во просторот и времето, да ја прати временската машина во секундарна димензија или уште полошо, во секундарна димензија која целосно се состои од антиматерија.

Или можеби ќе се сретнете со себеси и ќе се замразите

vr09

Ако успеете безбедно да стигнете во време во кое вие сѐ уште постоите, веројатно вие нема да си оставите некој позитивен впечаток самите на себе. Или ќе си изгледате како помладата, поглупава верзија на себеси или онаа старата верзија во процес на пропаѓање. Плус тоа, можноста да се гледате од страна исто така може да биде причина да ви паднат некои илузии, така што патувањето низ времето може да доведе и до криза на идентитетот.

Парадоксот на предодреденост

vr10

Но ако сепак се сретнете самите себеси, веројатно веќе сте се сретнале себеси како дел од затворен временски круг, т.е. не можете да промените ништо бидејќи нешта на коишто сте сведок се последица на дејствата од минатото, а кога би можеле да се враќате во минатото, исто така би биле последица и од нештата кои би ги сториле во иднината. Ова значи дека во основа ќе се повторувате повторно и повторно засекогаш.

vr12

Парадокс на дедото

vr11

Ако сепак успеете да излезете од тој циклус, можно е да ви се случи парадоксот на дедото, т.е. може да се случи да го убиете својот дедо и со тоа да го поништите вашето сопствено постоење, или па да го убиете дедото и да се вљубите во вашата баба што може да доведе редица други причинско-последични усложнувања.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено