На 41-годишна возраст на Каролин Харц ѝ била дијагностицирана состојба пред дијабетес после долги години на јадење изобилни количества храна богата со шеќер. Сега, 68-годишната мајка на три деца од Перт, Австралија, се чувствува поздраво од било кога, игра кошкарка и може да се пофали со тело на кое сите можат да ѝ позавидат.

Тајната за тоа е, како што вели г-ѓа Харц, многу малку шеќер и многу малку брашно – нешто што детално го објаснува во својата книга „Печење без шеќер“.

sk01

„Бев зависна од шеќер, но не го знаев тоа – единствено знаев дека го сакам“, изјавила Харц за Дејли Мејл, Австралија. „За мене не беше ништо да изедам половина торта со сирење за појадок и пакетче чоколадни бисвити напладне – па дури и табла чоколада потоа.“

Но, откако минала низ многу епизоди со мачнина и ѝ била поставена дијагноза дека е пред дијабетес, г-ѓа Харц се исплашила доволно за да ги промени нештата.

sk02 sk03

„Веста многу ме исплаши“ раскажува г-ѓа Харц, „НЕ сакав да се разболам. Јас не сум болникава личност, играв нетбол на државно ниво, а на 45-годишна возраст почнав да играм кошарка – отсекогаш можев да правам што ќе посакам и не сакав тоа да престане.“

За една година Харц целосно го исфрлила шеќерот од својата исхрана.
„Стравот е добра работа бидејќи толку се исплашив што за една година го исфрлив шеќерот од сѐ. Го сторив тоа и изгледав супер, морам да признаам, но сепак ми недосигаше да изедам нешто слатко или да се напијам чаша вино тука и таму.“

sk04

Керолин Харц отишла кај гастроентеролог кој ја научил на уметноста на умереноста.

„Му реков, ако ми кажеш дека никогаш повеќе нема да смеам да јадам шеќер, не знам што ќе правам“, раскажува таа. “Тој беше првата личност кој ми го кажа зборот `умереност` и тоа беше почетокот на моето патешетвие.

sk06 sk07

Бидејќи исто така ѝ била дијагностицирана нетолерантнот кон глутен, таа решила самата да си создаде серија рецепти кои се вистински без брашно и шеќер откако го открила Ксилитолот – стопроцентна замена за шеќерот која природно се јавува во растителните влакна на брезата, пченката и овошјето и зеленчукот.

„Многу од производите без глутен кои се достапни се полни со шеќер – ако го ифрлите брашното од некој производ, морате да го замените со нешто како брашно од ориз или скроб кои немаат вкус. Затоа, за да додадат вкус на производот, тие му додаваат едно чудо шеќер.“

 

sk08

Книгата „Печење без шеќер“ содржи серија рецепти кои навистина не вклучуваат ни најмалку шеќер, како што тврди г-ѓа Харц, вклучувајќи го и медот, агаве, како и сирупот од јавор.

„Имаат неверојатен вкус и можам да ви ветам дека никогаш нема да ја познаете разликата – ксилитолот има ист вкус како и шеќерот, а воопшто не е штетен.“ тврди Харц.

sk09 sk10

Сподели на Facebook
пати видено