Мала помош: Денес не изгледа вака, го користиме секој ден и животот би ни бил многу потежок без него. Погледнете ги фотографиите во продолжение, а објаснувањето е на крајот.
Ова е првиот далечински управувач за ТВ во светот!
Во современиот свет, далечинскиот управувач нема да изненади никого. Сепак, во 1955 година, луѓето само сонувале за таков изум. Инженерите од американската компанија Зенит успеале да ги реализираат овие соништа. Јуџин Поли го предводел тимот за развој. Експертите му го претставиле на светот новитетот – првиот далечински управувач што им овозможил на луѓето далечински да ги менуваат телевизиските канали. Изумот го нарекле Flash-Matic. Пред него постоел далечински управувач со жица, но кога велиме далечински управувал, се подразбира безжична контрола на телевизорот.
Далечинскиот управувач работел со помош на фотоќелии поставени на аглите на ТВ приемникот. Секоја фотоќелија била одговорна за посебна функција – вклучување канали, вклучување и исклучување на ТВ, а исто така и прилагодување на јачината на звукот. За да го користите далечинското требало да ја насочите светлината кон соодветниот агол на телевизорот.