На прв поглед можеби ви изгледа дека работи како фото-модел или како хостеса, но вие сте километри далеку од точниот одговор.
Името на оваа јапонска девојка е Рино Сасаки, а нејзината најголема љубов се камионите. Таа е професионален возач на камион и оваа професија ја работи веќе 7 години. Во просек вози по 200 илјади километри годишно низ Јапонија, каде што главно работи на испорака на свеж зеленчук и овошје.
Вреди да се напомене дека во младоста таа професионално се занимавала со танцување, но на 21-годишна возраст, таа одлучила радикално да го промени својот живот. Откако добила возачка дозвола за соодветната категорија, сега таа не може да се замисли себе си да прави нешто друго освен да вози камион. Нејзиниот татко е сопственик на шпедитерска компанија, па по добивањето на возачката дозвола, таа го добила својот прв камион како подарок од нејзините родители.