Во септември 1928 година, редакцијата на Science and Invention им понуди на своите читатели шанса да ги најдат сите научни грешки на насловната страна на нивното списание. Имало 48 грешки и ако ги најде некој сите сите, ќе добие 500 долари. За жал, не можеме да ви понудиме пари, но можеме да ви дадеме шанса да се чувствувате како вистински научник. Вие би можеле да бидете првата личност која ќе ги пронајде сите грешки, бидејќи сѐ уште нема целосен одговор на оваа загатка на интернет. Одговорите се наоѓаат на крајот од текстот.
Авторите на загатката тврделе дека постојат грешки од сите научни полиња, на пример: астрономијата, метеорологијата, хидрауликата, оптиката и физиката. Погледнете ги сите делови од илустрацијата и запрашајте се: Колку се логични?
Одговори
- Сенките на луѓето и предметите се различни.
- Ветарот не го носи чадот од цигарите.
- Молњата не доаѓа од облак.
- Молњата требала да го погоди највисокиот објект – врвот на другата кула.
- Линиите за струја не се поврзани со ништо.
- Сончевиот часовник не работи правилно.
- Куќите во позадина се премногу различни по големина: куќата на десната страна е преголема, а левата е премногу мала. Скалата е погрешна.
- Знакот вели дека Њујорк е на запад, но ветеропоказателот покажува кон исток.
- Можете да го видите местото каде што виножитото ја допира водата.
- Месечината треба да биде на другата страна.
- Сонцето не се крева на север.
- Страните на светот на ветропоказател се измешани.
- Човекот кој седи под чадорот нема стол.
- Кучето оди на чуден начин.
- Не постои одраз на сонцето во водата.
- Низата на боите на виножитото не е во ред.
- Нема траги од дожд, иако има виножито.
- Водата од фонтаната паѓа директно надолу. Тоа е невозможно.
- Ветрот не влијае на водата во фонтаната.
- Издувната цевка е на предната страна на автомобилот.
Оваа листа не ги вклучува сите грешки. Можете ли да ги пронајдете останатите?