Сите сме виделе автомобили толку многу прекриени со прав што не може ни да се препознае нивната боја. Можеби сте се намуртиле на ваквата глетка или дури и сте паднале во искушение да напишете „Газда испери ме“ во правта.

Сигурно тоа го инспирирало и Скот Вејд, уметник кој чкртањето по валкани автомобили го кренал на повисоко ниво.

Употребувајќи прав и разновидни четки, Вејд создава раскошно детални сцени на автомобилксите стакла.

kl01

Многу од неговите дела се нарачани за настани и организации, како што е ова за јавната библиотека Сан Маркос.

kl02

Оваа репродукција на познататото дело на Хокусаи била изработена за јапонска телевизиска емисија.

kl03

Зошто слика со прав на автомобили, а не со боја на платно? За Вејд сѐ се врти околу менувањето на перцепциите на луѓето.

kl04

„Кога ќе видиме валкан автомобил, си мислиме „Ох Боже, колку е грд“, вели Велјд, „но кога колата ќе се претвори во убавина, тогаш тоа ги предизвикува нашите перцепции за тоа што е убаво, а што не.“

kl05

kl06 kl07 kl09 kl10 kl11 kl12 kl13 kl14 kl15 kl16 kl17

Сподели на Facebook
пати видено