Пицата се јаде насекаде низ светот и нема човек кој не јаде пица. Овој производ своите скромни почетоци ги има во Италија, каде на почетокот било едноставно сплескано лепче врз кое се додавале зеленчук и други билки и се печеле заедно, по што полека еволуирала. Во зависност од местото, врз пицата се ставаат најразлични додатоци, кои вообичаено ја отсликуваат локалната кујна.

Еве неколку примери за тоа какви пици јадат луѓето низ целиот свет. Можеби на прв поглед некои ќе се чинат малку чудни, но мора да се многу вкусни.

Костарика

pi01

Кокосовиот орев и шкампите се најпопуларни, но шунката исто така е чест избор.

Кина

pi02

Во Кина исто така се ставаат шкампи со мајонез, но најпопуларната пица е таа со парчиња виршли.

Палестина

pi03

Во Палестина врз пицата се става пилешко, борови семки и маслиново масло, сето полеано со бахар и цимет.

Јапонија

pi04

Во Јапонија можете да добиете пица со мајонез, сланина, пченка, компири, кромид и лигња.

Германија

pi05

Во Германија е популарно врз пицата да се става туна, со или без зеленчук.

Русија

pi06

Оваа популарна руска пица се нарекува мокба и е со туна, сардини, лосос и кромид. Се сервира студена.

Индија

pi07

Во Индија пицата се сервира со овчо месо и мариниран ѓумбир

Франција

pi08

Пица со пржени јајца можете да нарачате насекаде, но најпопуларна е во Франција

Бразил

pi09

Грашокот е многу популарен додаток за пица во Бразил, а исто така и јајца од потполошка и рендани моркови и цвекло.

Австралија

pi10

А како би можела да се сервира пицата во Австралија, ако не со месо од кенгур, ему или крокодил, полиени со сос?

Сподели на Facebook
пати видено