Повеќето луѓе, ако имаат желба за тоа, алкохолот го конзумираат преку пиење. Но, во овој чуден нов бар во Лондон, наречен „Алкохолна Архитектура“, алкохолот не се пие, туку се вдишува!
Токму така, „Алкохолна Архитектура“, лоциран на местото на стар манастир и во близина на најстарата готска катедрала во Велика Британија, е полна со алкохолни испарувања. Посетителите се нацврцкуваат со самото влегување во барот.
Оваа рана црква во близина на Бароу Маркет во Лондон е местото кадешто е сместен барот „Алкохолна Архитектура“.
Внатре е многу замаглено, како средство за дополнително опивање на сетилата.
Маглата се создава со сипување на измешани пијалои во моќни навлажнувачи на воздухот, коишто воздухот го полнат со суптилна алкохолна магла. „Во оваа средина во која целосно можете да се нурнете во алкохолот, тој ви влегува во крвотокот пред сѐ преку белите дробови, но исто така и преку очните јаболка“, се објаснува на офиијалната веб страница.