Делата на Паа Џо, уметник од Гана, се изложуваат на повеќе меѓународни уметнички фестивали како и неколку музеи ширум светот. Џо исто така е и еден од најпознатите изработувачи на детално изработени персонализирани мртовечки ковчези од Гана, изработувани од најдобрите дрводелци во земјата. Секој од ковчезите се персонализира според занимањето на починатиот, неговите страсти, нештата кои му се допаѓале и сѐ што може да им помогне да продолжат со тоа што го сакаат таму кадешто ќе се најдат после смртта.

Тоа што ковчезите на Паа Џо ги прави уште повеќе особени, е што е отворен за идеи од современите задоволства (на пример Мерцедес Бенз). А сепак, тој ја одржува врската со древната традиција на Гана. Џо занаетот го научил кај мајсторот Кејн Квеи, кој е еден од првите дрводелци од овој вид кои се пробиле и на запад.

kov01

kov02

kov03

kov04

kov05

kov06

kov07

kov08

kov09

kov10

kov11

Сподели на Facebook
пати видено