Баба Ернестина Шепард е од Балтимор, САД и работи како личен тренер, професионален фитнес модел и професионално се занимава со бодибилдинг. Во 2010-та година таа влезе во книгата на Гинисови рекорди како најстарата жена бодибилдер во светот и уште го подобрува рекордот.

Но, Ернестина не била отсекогаш мускулеста. На 56 годишна возраст таа била слабичка женичка која работела како секретарка во локалното училиште. До тогаш немала спортувано ниту ден од животот. Тогаш се случил еден настан кој ѝ го изменил животот и служи за пример на многу жени на таа возраст.

56-годишната Ернестина отишла заедно со својата сестра Велвет да си купат костими за капење. Кога пробале по еден костим почнале да си се смеат една на друга за тоа како им стојат костимите за капење. Така двете решиле да отидат во фитнес клуб да се стегнат малку. По некое време Велвет ненадејно починала од мозочна анеуризма. Ернестина толку жалела што се откажала од вежбањето. По неколку месеци таа го послушала советот од една пријателка, која ѝ рекла дека нејзината покојна сестра би сакала таа да продолжи со спортот. Така Ернестина се вратила во фитнес клубот уште помотивирана за вежбање.

Денес Ернестина секој ден станува во 4 часот наутро и трча 16 километри, а кога се подготвува за маратон трча и по повеќе. Откако вежба, таа ниту еднаш не се разболела и не се чувствува како стара баба.

1_2

1_6

1_7

1-4

1-9

2-3

2-5

8

10

11

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено