Наоѓајќи се на бреговите на реката Влтава, величествената Прага, главниот град на Чешка е еден од најдобро зачуваните стари градови во Европа. Практично недопрена од разорувачките војни на дваесеттиот век, Прага зачувала многу од своите историски згради, замоци, катедрали, кули и мостови, кои се блескав пример за романескната, готската, ренесансната и барокната архитектура.
Прага е позната како „град на сто кубиња“, поради своите многу кули со златни врвови и црковни кубиња од средновековието, но исто така може да се нарече и град на сто мостови. Во Прага има над триста мостови. Осумнаесет од нив се протегаат преку реката Влтава, а стотици од нив премостуваат помали реки, потоци и долини.
Најпознат од нив е Карловиот мост, кој започнал да се гради во 1357 година под покровителство на кралот Карло IV, а бил завршен на почетокот на петнаесеттиот век. Мостот го заменил стариот Јудитин мост изграден во периодот 1158-1172 година кој бил силно оштетен од поплава во 1342 година. Повеќе од 450 години, сѐ до 1841 година, Карловиот мост бил единствениот мост кој ги поврзувал двата брега на Влтава. Денес мостот си има и свој музеј.