Племето Баџау традиционално живееле во мали чамци, пловејќи ден и ноќ со струите, сметајќи само на нивната риболовна опрема за да преживеат. Така го заслужиле прекарот „морски номади“ или „морски чергари“. Денес од време на време доаѓаат на брегот за да се снабдат со облека, ориз, гориво за нивните чамци и сл. нешта кои морето сепак не може да им ги обезбеди, во размена за рибата која ја ловат.
Францускиот фотограф Ријан поминал неколку дена со нив. Засекогаш ќе го зачува во неговото срце мирот и чувството на смиреност кое извира од овие места, од овие луѓе коишто немаат ништо заедничко со нашиот начин на живот и кои живеат единствено за и од водата.
Народот Баџау не е признаен ниту прифатен од соседните земји како посебен ентитет.
Тие се таму по свој избор, избор да живеат во рајот, во нивниот сопствен мал рај.
Во племето читањето и пишувањето е непозната работа.
Членовите на заедницата не си ја знаат нивната возраст.
Имаат некаква груба претстава за концептот на возраста но тоа не им значи многу, се важи само сегашноста.
Без разлика на возраста, секој си го наоѓа своето место и помага во ловењето риба.
Жените раѓаат во нивните колиби на колци. Повеќето членови на Баџау се раѓаат, живеат и умираат на нивната територија.
Помладите членови се постојано во нивните кајчиња, учејки како да нуркаат и пливаат, а тие кои се на возраст од околу осум години веќе ловат како и возрасните.