Ова е шокантен момент кога жена е киднапирана на терминалот, откако се симнала од авионот на аеродромот во Бангкок, а сопатниците не забележале дека нешто не е во ред. 39-годишната Јинчаи Чен летала од Хонг Конг до Бангкок, Тајланд и само за неколку минути била одвлечена од четворица мажи и една жена.
Групата поминала со жената преку безбедносни проверки пред уште двајца мажи облечени во црно да им се придружат. Бандата составена од мажи од Кина и жена од Тајланд подоцна го контактирала нејзиниот сопруг и барале од него откуп во износ од 10 милиони (околу 232.000 фунти). Меѓутоа, по предавањето на готовината, киднаперите побарале уште 5 милиони долари (116.000 фунти), кои тој одбил да ги плати, а наместо тоа ја повикал полицијата.
Г-ѓа Чен конечно била ослободена од страна на бандата, фрлена на патот во областа Банг На во Бангкок, на 19 мај, по 13 дена во заробеништво. Генерал-мајорот Сурачате Хакпарн вели дека во киднапирањето освен четворицата мажи од Кина и жена од Тајланд по име Вансикан Тертемпапат, биле вклучени уште десет луѓе од Тајланд и неименуван полициски началник на полицијата.
Од полицијата велат дека им се познати идентитетите на сите киднапери и дека работат на нивното апсење.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!