Мистериозна слика од дух на мало девојче е снимена во шума во Кембриџ, Њујорк. Новите сопственици на земјиштето сакале да започнат со лов во таа област, но поставиле камера за да проверат дали на тоа место поминува некој од локалното население. Но тие биле шокирани како на снимката имало блед приказ од мало девојче, кое се играло во шумата.
„Живеам тука цел живот и никогаш не сум слушнал за духови во шумата, идејата беше само да го идентификуваме малото девојче.“,вели шерифот Џорџ Бел. Според локалната легенда мало девојче на слична возраст како девојчето од снимката, настрадало додека се играло на шините, додека сеуште имало железничка станица во таа област.
Тања Вудвард, претседател на истражувачкиот тим на паранормални активности Гринвич, изјавила дека тие забележале повеќе паранормални активности во таа област. Но мистеријата била решена откако полицијата добила повик од дедото на девојчето кое што наводно во тој период се играло во шумата. Тој тврдел дека не се работи за дух, туку за неговата внука, која заминала да се игра на патеката во шумата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.