Две морбидно дебели сестри за првпат ја доживеаја радоста да зачекорат сами, откако успеаја да изгубат дел од ненормалната тежина со која беа оптоварени нивните млади животи. Петгодишната Рамешбхаи Нандвана и тригодишната Амиша, ги направија своите први чекори откако експерти по исхрана ги ставија на строга диета кога нивните родители почнаа сериозно да се грижат за нивното здравје. Пред три месеци, сестрите тежеа 34 килограми и 48 килограми, и не можеа ништо да прават сами.

am-1

Сестрите сега ослабеа пет килограми, откако се откажаа од нивната секојдневна исхрана која се состоеше од осумнаесет палачинки, еден килограм ориз, две чинии чорба, шест пакетчиња грицки, пет пакетчиња бисквити, дванаесет банани и литар млеко.

Нивниот брат Харш, кој тежел петнаесет килограми кога имал само осумнаесет месеци, исто така беше ставен на диета во обид да се намали неговата тежина.

Постојаното здебелување на децата толку многу го загрижило нивниот сиромашен татко кој заработува само околу четириесет евра месечно, што размислувал да продаде бубрег за да може да плати за лекување на неговите деца. Но сега, откако тие почнаа да напредуваат во поглед на ослободувањето од вишокот килограми, родителите имаат надеж за подобра иднина. Порано нивната мајка целиот свој ден го минувала во приготвувањето на нивните оброци.

am-2

Локалните доктори веруваат дека трите деца страдаат од синдромот Прадер-Вили, но не знаат како да ги излекуваат. Синдромот се одликува со постојан глад, намален мускулен тонус, забавен развој и потешкотии во учењето.

am-3 am-4 am-5 am-6

 

Сподели на Facebook
пати видено