Приказните за деца се одличен пример за учење на етиката и моралот, преку активностите и последиците на главниот лик и антагонист. Првиот е невин со чувство на добро и зло, за кое е награден на крајот, вториот прави се што не е во ред и се казнува на крајот. Но, сето ова е доведено во прашање во книгата Дер Струвелпетер, германска книга за деца од 19 век, во која главните ликови се сите деца кои се строго казнети или умираат.
Во книга има приказни како на пример приказната за малиот Каспар кој е силно и здраво момче кое еден ден одлучува дека повеќе нема да ја јаде својата супа. Во следните пет „беспомошни“ денови, Каспар слабее и умира. Или приказната за девојчето кое се играло со чкорчиња и изгорело до смрт.
Но, не завршуваат сите приказни „фатално“. Пример, Фридрик бил сурово дете кое убивало инсекти, мачело животни и го вознемирувало луѓето. Но, сето тоа завршува кога Фридрик ќе биде каснат од куче и ќе остане да лежи во креветот поради тешки каснувања, додека неговото куче ги добива оброците на момчето.
Во нејзиното време книгата не била сметана за сурова и морбидна, туку сите сметале дека е смешна. Затоа и луѓето во Германија многу ја сакале. Првичниот наслов бил Смешни приказни и фотографии, а го напишал Хајнрих Хофман, германски психијатар кој објавувал поезија и сатирична комедија.
Во 1845 година, Хофман го напишал своето ремек-дело, илустрирана колекција на детски приказни со скромна цел да го изненади својот 3-годишен син со божиќен подарок. Подоцна, тој ја напишал книгата Der Struwwelpeter по анти-херој во една од приказните.
Struwwelpeter се сметала за толку забавна што дури и Марк Твен ја превел на англиски во 1891 година. Всушност, преводот на Твејн, „Несовесен Петар“, бил објавен во 1935 година, по неговата смрт, поради проблеми со авторските права.
За книгата се смета дека е од големо значење од повеќе аспекти. Пред сѐ, илустрациите се сметаат за претходник на стриповите, додека во исто време истражувачите препознаваат многу детски ментални нарушувања кои се познати денес. Многу познати автори во светот, како што се Агата Кристи и Астрид Линдгрен, се осврнале на приказните и ликовите на Хофман. Некои приказни се претставени на филмскиот екран, а некои прилагодени за театарски претстави.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.