Во 1963г. еден бивш монах без формално архитектонско или градежно образование во Мехорада дел Кампо, Мадрид решил да гради – катедрала! Денес структурата е висока 40 метри, а 89-годишниот Хусто Галего Мартинез сѐ уште секој ден го поминува работејќи на неа.

И покрај недостатокот од ресурси и пари, Мартинез одбил да се откаже од својот сон да изгради црква посветена на Богородица, и употребил секаков отпад и рециклирани материјали за нејзината изградба.

Многумина мислат дека е луд поради изведувањето на толку сложен проект, кој веројатно нема да го види завршен, но Мартинез не дозволува другите да влијаат врз неговите дејства, и всушност мисли дека другите се луди бидејќи не си го живеат животот до крај, со сиот нивен потенцијал.

„Мислам дека луѓето залудно си го трошат времето. Човек може да постигне многу нешта. Секој може да направи нешто неверојатно. Но, се разбира, треба да имате идеал.“

Неговата работа е документирана во краткиот филм од режисерот Џејмс Роган, наречен „El Loco De La Catedral“ – Лудиот и катедралата. Во продолжение можете во целост да го проследите дваесетминутниот документарен филм и да видите како изгледа неговвата градба којашто сѐ уште е во процес на градење.

 

Мартинез никогаш не ја добил потребната градежна дозвола за неговата катедрала, но досега никој од властите не му правел проблеми.

kt01

Пабло Куералто, архитект, за легалноста на градбата го вели следното: „Тулите не ги исполнуваат минималните стандарди, ниту во поглед на нивната издржливост, ниту во поглед на тоа како се поставени“.

kt02

Благодарение на нејзината интернет слава, катедралата привлекува многу туристи.

kt03

Мартинез секој ден пребарува по градилиштата за отпад кој ќе може да го искористи за неговата катедрала.

kt04

Столбовите се направени од стари буриња за масло.

kt05

Куполата е од рециклирани пластични цевки.

kt06

89-годишниот Мартинез работи на својот сон.

kt07

Мартинез вели дека кога би се родил повторно, пак би се нафатил да ја изгради катедралата. „Да, пак би ја направил оваа црква, само поголема. Двапати поголема, бидејќи за мене тоа е израз на верата.“

kt08

Навистина неверојатна посветеност.

kt009

Сподели на Facebook
пати видено