Ова е херојскиот момент во кој 4-годишниот Ганеш е спасен од јамата, длабока 5 метри, во која случајно паднал додека се играл. Инцидентот се случил во селото Сихери во централната индиска држава Мадја Прадеш. Откако паднал малиот Ганеш се заглавил во тесен тунел на дното на јамата и за среќа бил изваден неповреден од упорните селани.
Родителите на момчето, Ган Шајам и Санџета Баи, работеле во полињата во близина кога се случил застрашувачкиот инцидент. Момчето веднаш било однесено во болница и наводно нема посериозни повреди.