Возачот кој убил едно дете и повредил една жена, а потоа избегал од местото на несреќата бил ужаснат кога дознал дека жртвите всушност се неговиот син и сопругата. Пијаниот возач, познат само по презимето Жанг, избегал од местото на несреќата, без да застане откако се судрил со електричниот скутер на неговата сопруга ноќе во Зибо, во провинцијата Шандонг во источна Кина.
Сопругата и синот на Жанг биле однесени во болница, но малото момче им подлегнало на повредите, а неговата сопруга била тешко повредена и сѐ уште е на интензивна нега. Сведоците кои побрзале да ја испитаат несреќата на темниот пат пријавиле дека виделе повредена жена и дете пред да ја повикаат амбуланта и полицијата. Нејзиниот оштетен електричен скутер, бил фотографиран на местото на настанот.
Жанг бил фатен подоцна таа ноќ и дознал што му направил на сопственото семејство. Полицијата го однела на местото на несреќата каде што Жанг не може да престане да плаче. Тој, неговата сопруга и нивниот син биле на вечера кај роднини. Тој се враќал со сиво комбе, а неговата сопруга го земала детето на скутерот затоа што Жанг премногу испил. На патот кон дома Жанг не го видел скутерот и удрил во него.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!