Експертите тврдат дека златните монети се од шпански брод кој потонал на ова место во 1715 година.
„Цела година нуркаме во оваа област, откако откривме траги минатата година“ – рече капетанот на бродот Ерик Шмит, чиј што татко го започнал ловот на богатството пред 30 години. Тој тврди дека во областа има над 200 ковчези со богатство, во вкупна вредност од 220 милиони долари.