Зачудувачките фотографии и видеото од Националната зоолошка градина ја покажуваат првата интеракција помеѓу мајката горила и новороденото бебе. Горилата Калаја за прв пат станала мајка и го добила синот Мок, во во неделата во Смитсонијан зоолошката градина и институт за конзервација, во Вашингтон, САД.

Неверојатното раѓање на горила било првото за последните девет години во зоолошката градина. Официјалните претставници на зоолошката градина го посетиле специјалниот момент, кој бил споделен на веб-страницата на зоолошката градина, како и на социјалните медиуми.

„Ние сме возбудени што со вас ќе споделиме дека западно-низинската горила Калаја роди машко во 06:25 часот. 4/15. Неговото име, Moke, значи „помлад“ или „малиот“ на јазикот на Лингала“, напишала националната зоолошка градина на нивната страница на Твитер.

Слаткото бебе горила Мок било зачнато минатото лето, од неговата 15-годишна мајка Калаја и неговиот 26-годишен татко Барака. Претставниците од зоолошката градина велат дека мајката и бебето одлично напредуваат и се надеваат дека ќе останат во добри односи со останатите горила во групата.

Сподели на Facebook
пати видено