Случаен минувач забележал како некој во 9 часот наутро се качува по оџакот во дом во квартот Албаикон во градот Гранада, лоциран во јужниот шпански регион Андалузија. Тој бил дефинитвно сигурен дека не станува збор за Дедо Мраз, па решил да повика полиција.

Кога полицијата пристигнала дома, на почетокот се чинело дека се е тивко. Сепак одеднаш слушнале како некој бара помош. Тогаш тие сфатиле дека ќе им треба противпожарната бригада. Бидејќи немало никој во куќата, а најверојатно затоа и момчето се одлучило на ваков чекор, морале да провалат, а потоа да го растурат оџакот. Така тие го спасиле „надежниот“ крадец.

Секако откако полицијата успеала да го ослободи од оџакот дури тогаш признал дека се обидувал да ја ограби куќата. Набргу потоа, според локалните извештаи, момчето било уапсено од полицијата и однесено во болница за понатамошни проверки – претрпело само полесни повреди.

Сподели на Facebook
пати видено