Седумнаесетгодишен жител на градот Дхарвад, Индија, се разбуди и ги отвори очите на сопствениот погреб. Како што раскажуваат родителите на момчето, пред околу два месеци тој бил каснат од улично куче. Момчето кренало висока температура која се задржала неколку седмици. Состојбата му станала критична и тој бил хоспитализиран. Го сместиле во одделението за реанимација. Лекарите сакале да го вклучат на апаратот за одржување на животните функции, но родителите решиле да го земат својот син и да го однесат дома, бидејќи немале финансиски можности да го платат лекувањето.
Младичот долго време не покажувал знаци на живот. Тогаш родителите донеле заклучок дека тој починал. Присутните на погребот заминале од градот кон селото каде момчето требало да биде кремирано. Но, само два километри пред селото, „покојникот“ ненадејно ги отворил очите, започнал да дише тешко и да мрда со рацете и нозете. Тој повторно бил пратен во болница, каде што лекарите му поставиле дијагноза „менингоенцефалит“ (воспаление на мозочното ткиво и мозочната обвивка на главниот и `рбетниот мозок).
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.