Во лабораториите на IBM се случуваат необични работи. Експериментирајќи со атоми инженерите ги истражувале границите на зачувувањето податоци, кога дошле на идеја да направат анимиран филм со атомите кои ги гледаат под микроскоп, со зголемување над 100 милиони пати. Верувале или не научниците на IBM овие атоми можат да ги движат и да ги преместуваат каде сакаат, па така настана и најмалиот анимиран филм насловен „Момчето и неговиот атом“.