21-месечниот Џозеф Тид е роден без левата рака поради дефект на намалување на екстремитетите.
Тој има свој Инстаграм профил за подигнување на свеста за неговата состојба, но стана особено популарен откако запозна една нова пријателка.
Тој ја запозна Карсон Прикет, која игра во одбрана за фудбалскиот тим Orlando Pride. Она што им ги стопи срцата на сите е фактот што и Прикет исто така нема една рака. Фотографијата ја направила неговата мајка, а Џозеф не може да престане да се смее кога со Прикет прави „боксче“.
Родителите на Џозеф го запознале со Карсон и подобро и тие се играле заедно повеќе од еден час. Тука биле и родителите на Прикет па така мајката и таткото на Џозеф побарале неколку совети за грижа за дете кое што има само една рака.
„Му требаше некоја минута за да сфати ‘Леле имаме иста рака’, а потоа само се кикотеше. Можеше да се види дека тоа многу му влијаеше, а потоа станаа најдобри пријатели.“, вели мајка му на Џозеф.