Еден ден на училиште, Оли Спенсер забележа дека неговиот пријател и соученик Томи-Ли Хетерингтон, останува без коса. 7-годишното момче првин не знаело што се случува, но кога му објасниле тој дошол дома и имал необична молба до својата мајка.
Оли ѝ кажал дека не може да не направи ништо и сака да му даде поддршка на пријателот. Тој ја прашал неговата мајка дали може да си ја избричи главата за да бидат и тој и Томи без коса.
Томи-Ли, од Енстеј, сега е во ремисија откако му била дијагностицирана леукемија во ноември минатата година. Тој и Оли сега се уште понеразделни пријатели.
„Дојдов дома од училиште и ја прашав мајка ми дали можам да ја избричам главата, така што Томи-Ли нема да биде единственото момче во училиште без коса. Томи-Ли стана мојот најдобар пријател. Играме и работиме заедно на училиште. Кога Томи-Ли немаше коса, ме натера да се чувствувам тажен и не сакав тој да биде сам. Сакав да му помогнам на Томи-Ли бидејќи има карцином и сакав ракот да замине. Собрав пари за добротворни цели што го поддржуваат него и другите со бричење на главата, за да може да бидеме ќелави заедно. Ние сме најдобри пријатели и секогаш внимаваме еден на друг во сè што правиме. Томи-Ли секогаш ќе ми биде најдобар пријател и ќе го поддржувам кога можам.“, објаснува малиот Оли.
Освен што ја избричил главата Оли преку неговата иницијатива собрал и околу 1.300 евра за организација која се залага за деца болни од рак. За време на неговиот третман, Томи-Ли се борел со сепса, колапс на белите дробови и зголемен панкреас. И покрај тоа што бил огромен шок, тој продолжува да биде многу среќно, позитивно мало момче и секој ден ја воодушевува својата мајка.