9-годишно момче од Јужна Каролина заработило неверојатни 6.000 долари од продажба на лимонада за да помогне во покривањето на медицинските сметки на неговиот болен брат.

И покрај тоа што е сѐ уште мал, Ендру Емери рекол дека сака да им помогне на родителите финансиски, откако неговиот мал брат Дилан бил хоспитализиран поради ретка невролошка состојба.

Момчето поставило штанд за лимонада во неговиот роден град во Гринвуд во саботата и собрало речиси 6.000 долари за два часа. Тој заедно со неговите другарчиња носеле маици #TeamDylan во знак за поддршка на братчето Дилан.

„Ќе ги потрошам парите на неговите сметки во болницата и ќе му купам мече исто така. Само сакам да му помогнам на Дилан. Тој е мојот помал брат.“, вели Ендру.

Бебето е моментално во болница во Питсбург, откако му била дијагностицирана болеста Крабе – ретка и често смртоносна невролошка состојба.

Ендру рекол дека тој отсекогаш сакал да биде „поголемиот брат“ и многу бил среќен кога неговите родители му кажале дека ќе добие братче. Тој редовно внимава на Дилан преку камера, додека бебето е во болница.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено