Уште еден грозен пример за лошото влијание на порнографијата врз младите, која е неверојатно лесно достапна за сите возрасти. Момче ја силувало својата деветгодишна сестра, повлијаено од гледањето порнографски содржини со инцест. Неименуваниот четиринаесетгодишник, кој во времето кога го извршил злосторството врз сопствената сестра имал дванаесет години, се изјаснил за виновен за четири обвиненија за силување за време на судењето во Челтнем, Англија.

dt01

Пребарувањето на неговата интернет историја покажало дека впишувал термини поврзани со инцест и ги гледал тие содржини. Обвинителот Јан Фени рекол дека момчето на својата сестра, која тогаш имала девет години, ѝ кажал дека ако не сака да има сексуален однос со него, „повеќе нема да му биде сестра“.

„Случаи од ваква природа ќе бидат се почести во судницата“, предупредува г-н Фени, посочувајќи го лесниот пристап на младите до порнографските содржини на интернет. Момчето го извршувало овој престап во време кога „бил сигурен дека никој нема да му пречи“, и тоа се случило во повеќе наврати. Но, девојчето на крај ѝ кажало на мајката за сѐ што се случило.

Адвокатот Гарет Џемс изјавил дека момчето правело „непримерни експерименти“ и дека порнографијата која ја гледал повлијаела врз неговите дејства. Судот изрекол пресуда за 12-месечно советување и условна казна во траење од пет години. Во текот на тој период прекршителот нема да смее да биде во близина на никој кој е помлад од шеснаесет години и неговата интернет активност ќе се наоѓа под постојан полициски надзор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено