20-годишниот Американец, Волтер Кар, долго време барал работа и бил очаен. Конечно пронашол работа, но на првиот ден на работа неговиот автомобил се расипал. Сепак, тој не се откажал и навреме дошол на своето работно место, откако поминал 30 километри пеш. По патот Волтер сретнал луѓе кои му помагале, но главниот подарок го чекал младиот човек неколку дена подоцна.
Волтер Кар од Алабама студира на универзитет и е трета година. Долго време, тој барал работа, додека конечно не нашол во Bellhops, како доставувач.
Меѓутоа, во пресрет на првиот работен ден, неговиот стар Нисан се расипал. Тој им се јавил на пријателите и девојката со барање да го одвезат на работа, но секој имал сопствени обврски. Валтер не очајувал. Тој проверил дека доколку оди пеш од неговата куќа до работата ќе му бидат потребни околу 7 часа (повеќе од 30 км).
Младиот човек одлучил да ја напушти куќата на полноќ за да стигне на дестинацијата до 8:00 часот. Во 4 часот изутрината тој веќе преминал малку повеќе од 20 километри, а потоа го привлекол вниманието на полицајците кои го прашале каде тргнал. Тие веднаш не му поверувале на одговорот, но по малку размислување решиле да го почестат момчето појадок во блиска сендвичара.
По појадокот, полицајците заминале на итен повик, а младиот човек повторно тргнал на пат. Сепак, уште еден полициски автомобил веднаш го пристигнал. Се испоставило дека нивните колеги ги пренеле информациите за овој млад човек по радиото.
Полицијата го однела Волтер до домот на една домаќинка каде што тој се одморил и се напил кафе. Нешто подоцна жената ја објавила приказната за Волтер на Фејсбук и го опишала како „скромно, љубезно и весело момче“.
Оваа објава станала позната на Фејсбук и била прочитана и од извршниот директор на Bellhops, Лук Марклин, кој напишал на Твитер: „Храброста и духовните квалитети кои ги покажал Волтер, точно ја одразуваат културата на Bellhops. Горд сум што сме во истиот тим. Јас лично ќе му се заблагодарам оваа недела.“
Неколку дена подоцна, Волтер дошол во локалната канцеларија на компанијата, каде што се сретна со Лук Марклин, полицајците и новинарите. Тој не сфатил што се случува сѐ до моментот кога Лук му ги подарил клучевите од новиот автомобил, Ford Escape.
Истиот ден Волтер им признал на новинарите дека сакал да дојде порано од 8 часот и да покаже дека има голема желба да ја задржи оваа работа по секоја цена. „Ништо не е невозможно додека не речете дека е невозможно“.
Но благодарноста на неговиот шеф не завршила тука. Лук организирал страница за собирање на средства на GoFundMe, за да може момчето да си ја поправи куќата и автомобилот. Иако целта била 2.000 долари, биле соберени 70.000 долари.