Аром Кунмоунг, лидер на тимот на Џем Бањауд Рајонг, организација која организира едукативни и рекреативни патувања за училишта и фирми, вели дека забележал како едно од момчињата „тажно стои и зјапа во затвореник“, за време на екскурзијата, која била од едукативен карактер за моралните вредности.
Тогаш тој забележал дека момчето почнало да плаче, а исто така плачел и затвореникот. „Затоа го прашав што не е во ред. Ученикот ми одговори: ‘Учителе тоа е мојот татко, многу сум шокиран што го гледам.’“, вели Аром.
Кога момчето изразио желба да разговара со неговиот татко, Аром го прашал управникот дали може да дозволи средба помеѓу таткото и синот. Откако тој ја дозволил средбата сите присутни почнале да плачат, затоа што синот втрчал во прегратката на неговиот татко.
Аром додава: „Таткото постојано го бакнуваше момчето и му велеше дека многу му е жал, дека му недостасува и кога ќе излезе ќе биде добра личност.“
Тогаш таткото преполн со емоции го прашал неговиот син: „Дали се срамиш од мене? Дали се срамиш што твоите пријатели видоа дека сум во затвор?“ На што неговиот син одговорил дека воопшто не се срами. А за да го докаже тоа момчето клекнало на подот пред нозете на неговиот татко. Ова е традиционален тајландски гест, со кој се искажува почит.