За сите оние кои не ја користат апликацијата и социјалната мрежа Снапчет (Snapchat), постојат филтери со кои женските можат да видат како ќе изгледаат со машки црти, а машките ќе можат да видат како би изгледале како понежниот пол.
И доколку не сакате да му кажете на вашиот другар Трајче дека е многу згодна женска би било подобро навреме да се информирате за оваа опција, затоа што во слична ситуација се нашле 1650 мажи.
Џејк Аскел, од Норвич, Велика Британија, си направил женска верзија од себе на Снапчет и решил да се пошегува така што со истата фотографија ќе си направи и профил на Тиндер (апликација за запознавање и „врски“ за една ноќ). Тој не верувал дека неговиот профил ќе постигне многу успех бидејќи сметал дека фотографијата од Снепчет изгледа нереално.
Тој напишал дека се вика Џес, дека има 19 години и ја ставил фотографијата. Набргу 1.650 мажи му го лајкнале профилот и 400 сакале да се запознаат со „Џес“. Џејк, кој сега студира на Универзитетот во Дерби, откри дека многу момци се „возбудиле“ на лажната фотографија и почнале да му праќаат непристојни пораки, кои не се невообичаени за Тиндер.
Џејк раскажува: „Едно момче ме праша дали сум ремек дело бидејќи би ме заковал за ѕидот, друг ми објаснуваше за својот ‘свински меч’, а еден едноставно ме замоли да му седнам на лицето.“