Многумина од нас можат многу добро да се потсетат на суровите насилници од средно училиште, а некои од нив оставиле и траен белег кај луѓето.
За 26-годишниот Ентони Баер средното училиште бил тежок период, тој постојано бил исмејуван и малтретиран од страна на останатите ученици и еднаш го добил најсуровиот третман кој може да се види само во филмови со злобни тинејџери.
Ентони некогаш тежел 157кг. Тој како и секое момче бил заљубен во една убава и популарна девојка во средно училиште. Некако Ентони собрал храброст да ја покани девојката на матурска и таа прифатила. Тој вели дека никогаш во животот не бил толку возбуден, изнајмил автомобил, целосно се средил и со букет затропал на вратата на девојката.
Но, таа му ги отворила и му кажала: „Извини премногу си дебел за да влезеш низ вратата“ и потоа му се изнасмејала во лице и му ја треснала вратата пред очи. Момчето од Квинсленд, Австралија се вратило во лимузината и плачело. Сепак решил да оди на матурската забава, но тамо го чекало уште поголемо понижување, бидејќи сите дознале за случката.
Тој вели дека и неколку години по средното училиште бил во депресија и мислел дека никој никогаш нема да го сака. Но, кога му соопштиле дека е на работ да добие дијабетес тип два Ентони решил драстично да го промени животниот стил. Почнал да јаде здрава храна и да оди во фитнес сала. Тој ослабнал 60 килограми и сега е вистински магнет за жени.
Тој сега вели дека жените него го покануваат на состаноци, но тоа не го направило арогантен. Сепак пред некое време му стигнала порака од личноста од која тоа најмалку го очекувал. Во пораката стоело: „Еј Ентони … е. Одевме заедно на училиште во … и не знам дали се сеќаваш на мене. Само сакам да знаеш дека ми е жал што те малтретирав затоа што имаше прекумерена тежина и сакам да знам дали ќе ми дадеш шанса да те однесам на вечера. Мислам дека си апсолутно згоден и би сакала да добијам шанса да ти надоместам.“
Да, токму така, девојката која најмногу го понижила сега сака да излезе со него. Но, секако Ентони не прифатил, тој вели: „Пред околу една година, истата таа девојка која беше толку сурова кон мене пред нашата матурска, некако го добила мојот број преку мојата страница на Инстаграм и ми испрати поракат со извинување бидејќи била силеџија и ме праша дали можеме да одиме на состанок. Не можев да верувам во тоа, дури и не одговарав. Можам да ѝ простам, но никогаш не би заборавил.“