Малиот Томас се вратил дома од училиште со белешка од наставникот. Мајка му ја прочитала и почнала да плаче. Веројатно од гордост и радост, бидејќи потоа свечено му ја прочитала белешката:
„Вашето дете е премногу генијално за нашето училиште. Овде нема кој да го учи. Позанимавајте се вие со неговото образование“.

По многу години, веќе возрасен, Томас налетал на белешката во семејните архиви. За негово изненадување на белешката пишувало:
„Вашиот син заостанува со развојот. Не можеме повеќе да го учиме во ова училиште заедно со другите деца. Позанимавајте се вие со неговото образование.“

Сега бил негов ред да поплаче. Во својот дневник познатиот пронаоѓач и научник Томас Едисон напишал:
„Томас Едисон бил едно ментално заостанато дете. Благодарение на својата мајка, тој станал еден од гениите на своето време!“

(Откако го истерале од училиште, неговата мајка, поранешна учителка, ја продолжила неговата едукација дома. По 10 години момчето почнало да се интересира за хемиски експерименти и во подрумот ја создало својата прва лабораторија.)

t

 

Сподели на Facebook
пати видено