Лесно е човек да се заборави во еднообразноста на секојдневието, бидејќи ни се чини дека имаме цела вечност пред нас – но немаме. Нашето време е ограничено и понекогаш треба да се прифати советот од некој чиешто време истекува, совет кој ќе нѐ потсети да се сосредоточиме на тоа што навистина е важно. Прочитајте го писмото на еден 24-годишен човек кој е на умирање, кое го објавил на социјалните медиуми за да сподели што му станало јасно кога дознал уште колку време му останува по дијагнозата за рак, нешто за што дознал предоцна. Еве го писмото во целост:

cu01

„Имам само 24 години, а веќе си ја избрав последната вратоврска. Таа којашто ќе ја носам на мојот погреб по неколку месеци. Можеби не се согласува со мојот костум, но мислам дека е совршена за таа прилика.

Дијагнозата за рак дојде предоцна за да ми даде барем најмала надеж за долг живот, но сфатив дека најважното нешто во врска со смртта е човек со своите придобивки да го напушти овој свет малку подобар отколку што бил додека живеел. Начинот на кој го живеев својот живот, или поточно кажано – неговата загуба – нема да значи многу бидејќи живеев без да направам нешто што би повлијаело за нешто.

Порано толку многу нешта ми се вртеа по умот. Но, кога дознав уште колку ми останува, ми се разјасни кои нешта се навистина важни. И еве, ви пишувам од себична причина. Сакам на мојот живот да му дадам некакво значење споделувајќи што сум сфатил.

– Не трошете си го времето на работа во која не уживате. Очигледно е дека не можете да успеете во нешто што не ви се допаѓа. Трпението, страста и посветеноста доаѓаат лесно кога го сакате тоа што го работите.

– Глупаво е да се плашите од мислењето на другите. Стравот ве прави слаби и ве парализира. Ако го дозволите тоа, секој ден ќе станува полошо, сѐ додека од вас не остане ништо освен вашата надворешна школка. Слушајте си го внатрешниот глас и дејствувајте според него. Некои луѓе можеби ќе ве прават луд, но некои можеби ќе мислат дека сте легенда.

– Преземете контрола врз вашиот живот. Преземете целосна одговорност за нештата кои ви се случуваат. Најдете спорт кој ве прави среќни. И најважно од сѐ, не одолговлекувајте. Вашиот живот нека биде обликуван од одлуките кои сте ги донеле, а не од одлуките кои не сте ги донеле.

– Ценете ги луѓето околу вас. Вашите пријатели и роднини секогаш ќе бидат бескраен извор на сила и љубов. Токму затоа не треба да ги сфаќате здраво за готово.

Тешко ми е целосно да ги изразам своите чувства за важноста на овие толку едноставни увидувања, но се надевам дека ќе послушате некој кој лично доживеал колку е скапоцено времето. Не сум вознемирен, бидејќи знам дека последните денови од мојот живот добија некое значење. Единствено жалам што нема да можам да видам многу интересни нешта кои би требало да се случат наскоро, како создавањето на вештачка интелигенција, или следниот јак проект на Илон Маск. Исто така, се надевам дека војната во Сирија и Украина ќе заврши наскоро.

Толку многу се грижиме за здравјето и целоста на нашето тело што сѐ до смртта не сфаќаме дека телото е ништо повеќе од една кутија – пакет за испорачување на нашата личност, нашите мисли, верувања и намери на овој свет. Ако во таа кутија нема ништо што би можело да го промени овој свет, тогаш воопшто не е важно ако исчезне. Јас верувам дека сите ние имаме потенцијал, но потребна е и храброст за тој да се искористи.

Можете да лебдите низ животот создаден од случајни околности, пропуштајќи ден по ден, час по час. Или, можете да се борите за тоа во што верувате и да ја напишете големата приказна на вашиот живот. Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор.

Оставете ваш белег врз овој свет. Водете живот со значење, без разлика како ќе ве дефинира. Местото кое го напуштаме е едно прекрасно место за игра, на кое сѐ е возможно. А сепак, не сме тука засекогаш. Нашиот живот е кратка искра на оваа прекрасна мала планета која лета со неверојатна брзина во бескрајната темнина на непознатиот универзум. Затоа, уживајте во вашето време овде со страст.

Сподели на Facebook
пати видено