Водителот Стив Харви прогласи погрешна победничка на Мис Универзум 2015 во недела навечер – и публиката гледаше вџашено како круната мораше да биде симната од главата на една натпреварувачка и ставена на главата на друга, додека сето тоа се пренесуваше на телевизија во живо.

Аријадна Гутиерез, убавицата на Колумбија ги избриша солзите радосници кога дијамантската круна од 30.000 долари ѝ беше ставена на главата и беше именувана како Мис Универзум 2015, по вторпат по ред освојувајќи ја престижната титула за нејзината земја. Но, нејзината слава траеше само две минути. Токму во моментот кога Гутиерез дуваше бакнежи и мафташе на нејзините обожаватели, ѝ беше соопштено дека тоа било грешка, и дека всушност наградата ја освоила Пиа Алонцо Вурцбах, убавицата на Филипини.

Стив Харви се довлечка на сцената, со очигледен срам на лицетот, и на публиката ѝ кажа: „Народе, морам да се извинам. Првата придружничка е Колумбија“, објави тој. Мис Филипини стоеше широко џарејќи се во публиката, а нејзината усна ѝ затрепери кога мис САД ѝ шепна што значи сето тоа. Тогаш Харви драматично потврди: „Мис Универзум 2015“ е мис на Филипини“, по што беше исвиркан од страна на публиката.

gl01 gl02 gl03 gl04

„Еве што точно е на картичката“, кажа тој тогаш, покажувајќи ги резултатите на камерата. „Ќе ја превземам одговорноста за мојата грешка“.

гl05

И тогаш следеше срцепарателниот момент кога мис Колумбија мораше да се наведне, дозволувајќи да ѝ се симне круната и да ѝ се додели на мис Филипини, по што пренесувањето беше прекинато. Харви потоа испратил повеќе пораки на Твитер, во кои се извинува на земјите од кои доаѓаат учесничките, на публиката и обожавателите. Настанот го прокоментирале и познати личности меѓу кои Џастин Бибер и Доналд Трамп.

gl06 gl07 gl08

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено