Во оваа приказна е тешко да се поверува. По 20 години, откако 4 годишната ќерка се изгубила во воз кој одел на релација Минск-Осиповичи, ги нашла своите родители.
Сега оваа девојка има 24 години. Нејзиното име е Јулија Горина. Таа живее во Рјазан, има 5-годишна ќерка по име Кристина, студира за фармацевт и вели дека сега верува во чуда.
Малата Јулија се изгубила во вечерниот воз Минск – Осиповичи на 1 октомври 1999 година. Девојчето се возело на воз со нејзиниот татко, кој заспал, а кога се разбудил, неговата ќерка не била во близина. Два дена, таткото и мајката се шетале низ станиците со надеж дека ќе најдат детето: ги прашувале уличните продавачи, поставиле фотографии, разговараа со патниците, ги прегледувале сите бунари во областа. Потоа се свртеле кон полицијата, но долгогодишното пребарување не довело до резултат, се додека не се појавило момче по име Илја Кируков во животот на сега возрасната Јулија.
Откако девојчето дознало дека е посвоено почнало да ги бара своите биолошки родители. Кога ја прашале дали самата верува во тоа што се случило таа одгвоорила: „Секако! Дури и ДНК потврди. Иако ова беше разбирливо без испитување. На крајот на краиштата, ние сме слични. Затоа, кога видовме само слики едни од други, никој не се сомневаше – ние сме семејство.“
Таа открила дека во Белорусија не живее само незината мајка Људмила и нејзиниот татко Виктор, туку и братот Дима и постарата сестра Надежда. Две години по исчезнувањето на нивната ќерка, тие се преселиле од областа Пуховичи во Чериковски. Таму, каде што нема железничка пруга, која по исчезнувањето на девојчето не можеле да ја погледнат.
Јулија не се сеќава добро како успеала да залута од возот. Таа вели дека како низ мала се сеќава дека преноќила во напуштена куќа со некој маж и жена, а полицијата ја пронашла кога се обидела да се качи во друг воз. Брзо ѝ пронашле старатели по име Ирина и Олег, кои многу сакале да имаат девојче. Таа вели дека многу ги сака и родителите кои ја посвоиле и сега има две мајки и двајца татковци.
Јулија ова што се случило сега го нарекува чудо. Таа вели дека моментот кога се сретнала со нејзините родители бил многу емотивен, тие не престанувале да плачат, а мајка ѝ ја зела во скут како мало девојче. Сега Јулија секојдневно комуницира и се слуша со сестра ѝ Надежда преку Вибер, а со својата мајка преку пораки.
Нејзиното момче Илја било иницијатор таа да ги побара родителите. Тој истражувал на интернет и ги поврзал случаите. Девојката дури дознала и дека не е родена во 1996, туку во 1995 година. Со помош на полицијата и со подршка од родителите кои ја посвоиле Јулија конечно си го пронашла вистинското семејство.
Таа вели дека бидејќи е исто така родител може да ја замисли болката која ја чувствувале откако изгубиле дете.