Модниот бренд Boohoo од Англија, ги изненади онлајн купувачите откако објавиле фотографија од нивен костим за капење на модел, со видливи стрии.
Илјадници жени оттогаш ја споделиле фотографијата давајќи само пофалби за храбриот избор на брендот и на моделот да не ги фотошопираат фотографиите.
Еден од коментарите бил дека Boohoo заслужуваат овации, затоа што покажале како изгледа „вистинска жена“, наместо да потхрануваат нереални очекувања. Исто така имало и коментари од типот: „Совршено тело не постои и понекогаш несовршеностите не прават совршени.“
Boohoo не се првиот моден бренд кој презема чекори за решавање на побарувачката за повеќе „вистински“ жени во фотосесиите. Минатата година Missguided исто така, добија пофалби од купувачите за фотографии на модели со стрии, на нивните задници, колковите и бутовите. Клиентите ја пофалија компанијата за радикалниот потег, кој во тоа време беше поздравен како „прекрасен“.