Фотографот Ивет Ивенс сака доењето во јавност да стане норма. Чикашката уметница со потекло од Литванија прави високо стилизирани фотографии со мајки кои дојат надвор, потсетувајќи ги сите дека тоа е „сосема нормална работа“. Дваесет и петгодишната Ивенс е мајка на две деца, а својот најстар син го доела до неговата тригодишна возраст.
„Ги доев каде и да посакав. Во цркви, на забава, во маркет па се до скапи дизајнерски продавници. Верувам дека мајките треба да можат да ги дојат своите малечки каде и да посакаат“, вели Ивенс. Таа исто така е поддржувач на продолженото доење. „Децата знаат кога е време да се одбијат од мајчиното млеко. Нивните мајки исто така знаат. Туѓинците не знаат, и затоа тоа не треба да биде нивна работа.“
Ивенс неодамна одржала изложба во Чикаго наречена „Го дојам моето малечко“, а оваа година ќе објави фото-книга наречена „Божицата доилка“. Ивенс е специјалист по семејна фотографија.