Понекогаш во животот правиме неверојатни усилија за да стигнеме до вистината и со тоа да се здобиеме со мудрост. Кај некои тоа се постигнува полесно, кај други е нужно повеќе време, а кај трети – не се случува никогаш. Бездруго најважен е стартот во животот, средината во која раснеме и најблиските околу нас – нашето семејство. Со тек на времето сѐ повеќе се убедуваме во вистината на максимата дека најважни се првите седум години. Ако таму се појават пукнатини, полесно подоцна тие да доведат до цели бездни. Прочитајте ја оваа поучна приказна со едно мало дете, кое беше заинтригирано од писмото кое го пишуваше неговата баба. Само за неколку минути тоа научи неколку уникатни животни вистини, со полни дланки црпејќи од мудроста и искуството на возрасната жена.

bb

Едно момче ја гледало баба си како пишува писмо. По извесно време прашашало:
– Што пишуваш? Приказна за нас? За мене ли пишуваш?
Бабата престанала да пишува и му одговорила:
– Да, всушност за тебе пишувам, но поважен од зборовите е моливот кој го употребувам. Се надевам дека еден ден кога ќе пораснеш, ќе станеш како овој молив.
Заинтригирано, момчето го погледнало моливот. Тој не изгледал како нешто којзнае што особено.
– Но, тој е сосема обичен! – разочарано подвикнало тоа.
– Зависи како гледаш на нештата – одговорила бабата – тој има пет важни особини кои ако успееш да ги одгледаш во себе, ќе израснеш во човек кој е во мир со светот.

Прво, ти си способен за големи нешта, но никогаш не смееш да заборавиш дека има една рака која управува со твоите стапки. Ние ја нарекуваме Бог и тој секогаш не води според својата волја.
Второ, од време на време треба да престанам да пишувам и да го поднаострам моливот. Тоа може и да заболи, но потоа станува многу поостар. Така и ти треба да се научиш да ги поднесуваш болката и тагата, тие ќе те направат подобар човек.
Трето, моливот секогаш ни дозволува да употребиме гума за да си ги избришеме грешките. Тоа значи дека и не е лошо да се премислиш за да поправиш нешто што си згрешил. Тоа ни помага да го продолжиме нашиот пат кон справедливоста.
Четврто, тоа што е најзначајно не е дрвената обвивка на моливот, туку графитот кој лежи во неговата срцевина. Затоа секогаш во себе и во другите луѓе барај го тоа што се наоѓа внатре.
И петата особина на миливот е – тој секога остава трага. Треба да запомниш дека сѐ што правиш во животот остава трага и секогаш имај го тоа на ум, со секоја стапка која ја правиш.

Сподели на Facebook
пати видено