Сите знаеме дека штом една вест ќе почне да се шири на интернетот тука нема запирање. Многу совети за исхрана, вежбање, воспитување деца станаа популарни токму благодарение на интернетот. Е сега интернет просторот има нова забава: Техника со која се тврди дека можете да заспиете за 60 секунди.

Д-р Ендру Вил ја покажува техниката чекор по чекор, која е наречена техника на дишење „4-7-8“. Дали навистина им помага на луѓето да заспијат за 60 секунди или неколку минути? Д-р Вајл тврди дека оваа техника може да помогне во одредени сценарија како справување со стрес и вознемиреност, како и да им помогне на луѓето полесно да заспијат.

Иако можеби е потребна дополнителна пракса за лесно вклучување на вежбата во секојдневниот живот, лекарот тврди дека тоа е едно од најлесните потези за да се смират нервите. Луѓето оставаат коментари дека вежбата навистина делува, ние сѐ уште не сме ја пробале, испробајте ја па известете нѐ во коментарите.

Еве како се применува техниката:

Притиснете го врвот на јазикот на тврдиот гребен зад горните предни заби и држете го таму

Вежбата бара неколку едноставни чекори. Треба да се започне со целосно издишување. Потоа, овие се чекорите:

1. Издишете целосно преку устата, правејќи звук „Вух“

2. Затворете ја устата и вдишете тивко низ носот додека броите до 4 во умот.

3. Прекинете го здивот кога ќе стигнете со броење до 7.

4. Издишете целосно преку устата, правејќи звук „Вух“ точно на осум.

5. Ова е еден здив. Сега вдишете повторно и повторете го циклусот уште три пати за вкупно четири вдишувања.

 

Сподели на Facebook
пати видено